Кога ќе слушнете дека жена ги оперирала градите, дека направила липосукција, ставила некои надоградби, ставила ботокс на лицето, веројатно нема да имате многу добро мислење за неа.
Меѓутоа тоа не е случај со сопругата на пластичниот хирург, 47 годишниот Филип Крафт од Мајами, неговата сопруга е најдобра реклама за неговата работа.
Тој откри дека сопругата, 43 годишната Ана му служи како модел, со кој привлекува нови клиенти.
Таа тврди дека е воодушевена со своето ново совршено тело, но и дека е спремна на уште операции, доколку ги изведува нејзиниот сопруг, со кој е во брак 21 година.
-Филип ужива во редизајнирањето на автомобилот и куќата, а најмногу во моето редизајнирање. По две деца, му дозволив да го направи тоа, вели Ана.
Оваа Американка откри дека на почетокот го одбила предлогот на својот сопруг, но дека се согласила по двете породувања.
Синовите денеска им имаат 13 и 11 години.
Погледнете ја нејзината трансформација: