Лука Дончиќ неодамна наполни 19 години, а во својата кратка, но доста успешна кратка кариера освои се што можеше. Словенија ја одведе до трофејот првак на Европа, а истото минатиот викенд го направи и со Реал.
Сине честитам, многу сум горда, напиша Мирјам Потербин на Инстаграм, откако нејзиниот син го одведе својот Реал Мадрид до титулата европски шампион во Белград, а за себе ја приграби наградата најкорисен играч на турнирот.
Тој иако има само 19 години и два европски трофеи, доби и две МВП награди на најважните европски кошаркарски турнири. А се тоа не би било возможно доколку зад него не стои многу важна личност во неговиот живот, неговата мајка Мирјам.
Убавата Словенка кажа дека ќе го следи Лука каде и да одлучи да ја продолжи кариерата и ќе му дава поддршка. Таа својот живот го подредила на успехот на својот син и тоа го прави кој ги воодушевува сите. После успехот кој го постигна со репрезентацијата Лука често го споредуваат со покојната легенда на светската кошарка Дражен Петровиќ, а госпоѓата Потербин неколку пати има повторено колку е воодушевена од Бисерка, мајката на Дражен.
-Голема чест ми беше да се дружам со неа, мојот ден го направи многу посебен. Ви благодарам Бисерка Петровиќ, неизмерно ви се дивам, напиша Мирјам Потербин во една прилика на Инстаграм.
Поврзаноста со семејството Петровиќ го потврди после финалниот натпревар овој викенд и самиот Лука, кој во „Музејско- меморијалниот центар Дражен Петровиќ“ прати свој потпишан дрес од финалето.
Инаку погледнете зошто мајката на Лука Дончиќ ги воодушеви сите со својата убавина.