Изминатиот викенд во Романија, се одржа дел од Европската лига или Европску Куп, каде учествуваа најдобрите параглајдеристи од Европа.
Како на тренинг Борјан Јованоски од Прилеп, со леснотија после 7 серии заврши на второто место и го задржа континуитетот на одлични резултати.
Ова се нови бодови за него со кои атакува на првото место на светската ранг листа, но и бодови за Македонија која се повисоко котира како нација во овој спорт.
За овој и претходните успеси денеска Борјан Јованоски, кој е член е параглајдинг клубот “Делта” од Прилеп, ќе има прием во Агенцијата за млади и спорт.
Интересно од ова последно натпреварување е тоа што апликацијата беше со името Македонија.