Тој го запре светскиот првак: Херојот на Мексико има шест прсти на раката и никој не му може ништо на 17-ти јуни- еве зошто

Голманот Гиљермо Очоа е еден од најзаслужните за победата на Мексико над Германија. Што претставува најголема сензација засега на Светското првенство во Русија.

Очоа блескаше и пред налетот на актуелниот светски шампион ја сочува својата мрежа, а „сомбреросите“ победија со 1:0.

Очоа во очите на јавноста влезе минатото Светско првенство во Бразил, кога беше јунак во мечот со домаќините. Мексико тогаш одигра без голови со фаворизираниот Бразил и подоцна поминаа во осминафиналето.

Интересно е дека и двата натпревари, тој со Бразил и овој со Гераманија се одиграни на ист ден, на 17-ти јуни.

Одличниот голман за време на Мундијалот во Бразил стана познат по својата аномалија, тој има 6 прсти на едната рака. За него се прават посебни ракавица.

Тој во 2014 година од француски Ајачио замина во Малага, а од 2017 година е голман на белгиски Стандард.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.