Тошко Митрески oд Прилеп дел од копаоничкиот маратон (ФОТО+ВИДЕО)

41-годишниот Тоде Митрески, електроинженер од Прилеп, беше дел од традиционалниот велосипедски маратон “Три страни на Копаоник” и успеа успешно да го заврши.

Маратонот “Три страни на Копаоник” претставува единствена велосипедска трка и еден од највозбудливите маратони на овие простори. Маратонот го опфаќа подрачјето на Националниот парк Копаоник, а стазата поминува низ шуми и шумски ливади.

Ова е настан на кој собираат љубителите на велосипедизмот, но и оние кои го сакаат спортот и природата, како и оние кои се зависни од адреналин.

Трката се оджа на 29 јули, а прилепчанецот Митрески се натпреваруваше на средниот маратон.

Маратонот во должина од 54 километри, Митрески го помина за 6 часа и 6 минути и го освои 46-то место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.