Топол бран ја зафаќа Македонија од денеска, температурите на места и до 30 степени

По малку пониските температури на воздухот вчера и северниот ветер, веќе денеска и во наредните денови ќе продолжи порастот на максималните дневни температури на воздухот, кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, информира мтеорологот Славчо Попоски.

Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30, 31 степен. Иако невообичаено топол, сепак овој бран е нормална појава во овој дел од годината во нашиот дел од Европскиот континент.

Истата појава сме ја имале и во изминатите години. Јужното и југозападното струење на визина ќе услови, а веќе и условува транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава, па така и атмосферата ќе биде позаматена.

Поради ваквата ситуација кај метеопатите е можна појава на мачнина и на здравствени проблеми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.