Времето до недела ќе биде претежно стабилно.
Во недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи.
Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено зголемување, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.