Во организација на ООУ “Блаже Конески“ и Локалната Самоуправа, во Прилеп беше одржана меѓународното проект насловен „ Жогарија“, односно „Топкарија“, која има за цел преку колективните итри со топка да ги вклучи младите од основните училишта, да преку спортските игри ги осознаат основите човечки вредности, како што се солидарноста, меѓусебното почитување, одговорноста, дружењето, фер плеј… Во проектот се вклучија четири основни училишта од Прилеп, кои се натпреваруваа во четири дисциплини: кошарка, мал фудбал, квиз натпревар, како и натпревар на наставниците. Натпреварувањето меѓу учениците беше од ревијален карактер. Сите учесници беа победници. Но, сепак најдобрите понесоа пехари и беа наградени за нивната спортска игра. Севкупен победник на оваа креативна игра меѓу училиштата беше ООУ „Блаже Конески“
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески ја поздрави оваа иницијатива, во која учениците можат да се дружат и да бидат физички активни. Овој проект се спроведува во 10 држави: Словенија, Австрија, Унгарија, Хрватска, Б и Х, Србија, Косово, Македонија и Црна Гора и ги вклучува учениците од пониските основни одделенија. Покрај натпреварувачкиот дел манифестацијата беше збогатена и со ревијални настапи на ученици со различни музички точки