„Си замина, 17 години бевме најдобри другари“, со оваа реченица нашиот познат актер Тони Михајловски на Фејсбук ја соопшти тажната вест за загубата на неговата најверна пријателка и член во семејството.
„Патувај мирно Кеки “ – напиша Тони објавувајќи фотографии од неговата долгогодишна пријателка и миленичка, кучето Клеа.
Имено, како што напиша Тони, Клеа цели 17 години беше заедно со него, а следбениците сочувствуваа со неговата загуба и посакаа секое милениче да доживее возраст колку Кеки.
Убавите сеќавања никогаш не бледнеат, а веруваме дека Тони ги има многу такви кои постојано ќе го потсетуваат на своето милениче.