“Тимот што губи не се менува, порача ли СДСМ денес? Поразениот двоец останува да управува со Прилеп”

Двоецот Талески-Јованоски, кој беше поразен на претседателските избор во Прилеп, останува да управува во Прилеп. Предмалку на својот Фејсбук профил актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талески, информираше дека е реизбран за претседaтел на ОО СДСМ Прилеп.

Талески како и сите други претседатели на општински организации беа разрешени од Зоран Заев после неуспехот на претседателските избори.

Заев и портпларолот на партијата Костадиновски тогаш ги охрабрија претседателите на општински организации кои победиле на изборите одново да се кандидираат.

Сепак, во Прилеп Талески иако поразен со 1.500 гласови, доби по втор пат доверба од партијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.