Тимот од Лондон се надмина: Клубски peкopд вpeден 72 милиoни фунти за млaдиoт Николас Пепе

Напаѓачот на Брегот на слоновата коска и на француски Лил и официјално е нов фудбалер на Арсенал.

Трансферот за 24-годишниот напаѓач изнесува неверојатни 72 милиони фунти, или со други зборови англискиот премиерлигаш постави клубски рекорд.

Пепе ги поминал медицинските прегледи вчера и се очекува да потпише во најскор рок за “топџиите”.

Младиот напаѓач ќе внесе дополнителен квалитет, но и дополнителна конкуренција во нападот на тимот од Лондон, затоа што таму веќе се Лаказет, Обамејанг и Михтариан.

Пепе во две одиграни сезони за Лил постигна 35 погодоци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.