Тигри и ренџери го ваделе телото – трупот на Бистра е на исчезнатиот татко

policija-3

Истрагата за таткото и синот од кои повеќе од десетина дена нема ни трага ни глас откако исчезнаа на падините на Бистра, за жал добива трагични размери. Таткото Љубомир и неговиот 50-годишен син Сашо пред 15 дена исчезнаа кај својата викендица во лазарополе, им се испразнија мобилните што уште повеќе ја отежна ситуацијата, и од нив нема ни трага ни глас. Пресврт во приказната направи наоѓањето на труп во фаза на распаѓање на планината, за кој за жал се верува дека е на еден од членовите на семејството.

Како што дознава Дневник, истражните органи утврдиле дека телото е на 78-годишниот Љубомир Мицевски кој исчезна со својот син.

– Сто години да баравме на тоа место немаше шанса да го најдеме. Човечка нога не стапнала на тоа место. Најверојатно таткото мислел дека по таа кривина ќе слезе на патот и паднал. Тоа е шума која веднаш има дол. Старецот паднал во стрмните карпи и поточето на висина од десетина метри, вели командирот Рефик Пајковски за Дневник.

Синот не е пронајден. Командирот вели Дај боже да го најдеме жив.

– 30 години сум во служба и не сум имал ваков случај. И специјалци со јажиња и кучиња го пребаруваат целиот терен. Чудно е што ни мршојадците не го пронашле. Го извадивме телото со маки, дури кај 22 часот. Побаравме помош од армијата, не можеше да се оди ни со хеликоптер ни со коњ. Тигрите и ренџерите се спуштиле прво со јажиња па пешки, вели командирот.

Се уште се трага по исчезнатиот син со надеж дека е жив.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.