Тешко повредена 18-годишна прилепчанка во сообраќајка кај Могила

1

Вчера околу 02,00 часот на патниот правец Прилеп-Битола кај клучка Могила случена е сообраќајна незгода во која О.С. (38) од Прилеп управувајќи моторцикл со прилепски регистерски ознаки поради неприлагодена брзина изгубил контрола и паднал на десната страна од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.М. (18) од Прилеп.
Истата поради сериозноста на повредите била пренесена во КЦ-`Скопје. Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа од ПС-Прилеп.
Се работи на целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.