На 30.07.2024 во 21.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дански национални ознаки, управувано од К.Ц.(21) од Данска и патничко возило „хонда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од с.Бистрица, битолско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и неговата сопатничка Л.М.(60) од с.Бистрица, додека со телесни повреди се здобил возачот К.Ц., констатирани во Клиничка болница Битола.
Во несреќата било оштетено и паркирано возило „опел“ без регистарски ознаки, паркирано од Б.С.(59) од Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.