Тешка ноќ за жителите на крушевско Бучин, се излеа Црна – Градоначалникот Чонески рамо до рамо цела ноќ со мештаните (ФОТО)

Жителите на крушевско Бучин поминаа непреспиена ноќ, борејќи се со излеаните води на Црна Река и стравувајќи дека водата ќе ги наполни нивните домови.

Со нив во текот на целата ноќ беше и градоначаникот на Крушево, Нико Чонески, а активиран е и кризниот штаб за справување со водената стихија.

Во активностите се вклучени ЦУК, ДЗС, ТППЕ Крушево и Кривогаштани, ЈП „Комуна“, ПС Крушево.

-Благодарение на Владата, обезбедена е механизација од РЕК Битола, како и поддршка од Општина Кривогаштани со отстапена механизација. Голема благодарност и до „Бурда транс“, како и до целото население кое безрезервно се вклучи и помогна – напиша на ФБ Чонески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.