Тешка математика пред РК Прилеп за опстанок – од Европа клубот се бори да го избегне последното место

На две кола пред крајот од машката ракометна Супер лига, состојбата е следна: РК Прилеп, клубот кој пред две години играше во ЕХФ Купот против швајцарски Шафхаузен, сега се наоѓа на дното од плеј-аут разигрувањето.

Над него е вториот тим на Металург и Вардар Јуниор со по 3 бодови повеќе од прилепчани, а сигурен опстанок имаат Борец и Радовиш.

Прилепчани имаат уште само еден меч за одигрување, а Металург 2 и Вардар Јуниор по два. За опстанок на РК Прилеп му треба победа на 3-ти јуни во Скопје, но и пораз од Вардар Јуниор, во мечот кој се игра една недела порано.

Само така РК Прилеп ќе успее да се избори за претпоследното место на плеј-аут табелата и да избори опстанок поради подобриот меѓусебен скор со Металург 2.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.