Прилепчани секојдневно се жалат на дефекти во водоводната мрежа. Денеска пристигна поплака за пукната цевка на булеварот “Александар Македонски”. Пивка вода тече по улица со денови, граѓаните пријавуваат, а надлежните ги нема никаде.
Ова не е прв пат да стигнуваат вакви реакции до нашата редакција. Граѓаните велат дека дефектите се поправаат дури по 10 или повеќе денови, а за сето тоа време пивка вода се излева по улиците.
Ништо поразлично не е ниту во населените места.
Нека оваа објава биде апел за службите во ЈКП Водовод и канализација да бидат поажурни на терен и да не дозволуваат вакви загуби на водата во време кога истата е драгоцена.
За потсетување, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, пред неколку месеци истакна дека во време на вонредна состојба и пандемија, ЈКП Водовод и канализација склучило договор за времени вработувања во вредност од 17.700.000 денари, или 287.805 евра