Теодора од Битола и Валентин од Прилеп со 10,00 просек се најдобри студенти на битолскиот Универзитет “Св.Климент Охридски” (ФОТО)

Студентите на Економскиот факултет Прилеп, Теодора Христовска од Битола и Валентин Димитриоски од Прилеп, се прогласени за најдобри студенти на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, со остварен просечен успех од 10,00.

По повод патрониот празник на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, пофалници за остварениот успех им беа доделени од страна на ректорот на Универзитетот, проф.д-р Игор Неделковски.

Студентката Теодора Христовска се обрати до присутните на свеченоста осврнувајќи се на прекрасните моменти, стекнатите знаења и искуства и новите пријателства на Економскиот факултет-Прилеп.

-Економскиот факултет-Прилеп е горд на нивните постигнувања, посветеност и труд, кои претставуваат вистинска инспирација за идните генерации студенти. Успехот на нашите студентите Теодора Христовска и Валентин Димитријоски е доказ за високото ниво на квалитет, ангажман и континуирана поддршка која ја нудат нашите наставници и институцијата во целина.Им посакуваме уште многу успеси, нови академски достигнувања и професионални триумфи. Економски факултет-Прилеп секогаш гордо ќе стои зад нивното знаење и успеси – стои во соопштението од факултетот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.