ТЕНЗИЧНО НА КОСОВО: Ветерани на ОВК му го блокираат патот на Вучиќ, се слуша и пукање од околните ридови

Претседателот на Србија по алтернативен пат успеал да пристигне до селото Бање, но тогаш бил запрен од Косовските полициски сили.

Претседателот според најавената програма се обрати пред Србите од Косово, на собирот во Косовска Митровица, говор во кој ги изнесе околностите, реалната состојба на работите, капацитите и можностите Србија да дојде до компромисно решение, со кое би биле уважени и интересите на Србите и Србија на Косово.

„Гадно се излажале ако мислат дека ќе ме заплашат. Уште посилено сум определен за зачувување на мирот и српските институции и народ на Косово и Метохија“, рекол Вучиќ во Косовска Митровица, по повод веста дека неколку стотина ветерани ја блокирале трасата по која требало да се движи.

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин се наоѓа во околината на Дреница, каде требало да помине Вучиќ, а во околната се слуша пукање. Се претпоставува дека пукаат ветераните на УЧК кои се задолжени за блокадата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.