Театарот “Војдан Чернодрински” гостува во Тетово со урнебесна комедија

dscn3807

Театарот  “Војдан Чернодрински” со претставата “Премиера во сабота” вечерва гостува на фестивал во Тетово. Таму ќе ја изведе оваа претстава чиј автор на текстот, а воедно и режисер е добро познатиот мајстор на комедии Коле Ангеловски.

Публиката во Тетово ќе има убава можност да ја проследи оваа урнебесна комедија на ситуации, во која освен што играат, актерите исто така пеат.

Костимите и сценографијата се на Илина Ангеловска, Томе Темелковски се погрижи за музиката, а за кореографијата Кире Миладиноски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.