Повеќе од 60 отсто од одговорите на прашањето „Кој е победник на првата дебата“, кое новинарот Боби Христов го постави на „Твитер“ синоќа, велат дека тоа е Гордана Силјановска Давкова.
Синоќа на „Телма“ телевизија на првата телевизиска дебата помеѓу кандидатите за претседател се соочија Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.
Анкетата на „Твитер“ е сè уште активна. Гласајте доколку синоќа ги следевте претседателските кандидати.
Следете ја првата претседателска дебата меѓу @pr_blerimreka @gogamkd и @SPendarovski и споделете став: Кој е победник во првата дебата ?
— Bobi Hristov (@bobihrist) April 4, 2019
Извор: republika.mk