“ТВ АЛФА”: Maкедонија се истрча, половина од Преспанскиот договор не треба да важи без датумот за преговори со ЕУ

„Северни“ институции, свидетелства, дипломи, изводи и други документи. Наскоро и „северни“ денари и „северни“ униформи за кои тендерите се веќе распишани. Македонија се истрча и спроведе речиси се и тоа пред време иако Преспанскиот Договор предвидува преоден период за внатрешна употреба на новото уставно име – oбјави “ТВ Алфа”.

„Издавањето на ваквите документи и материјали… ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш“ стои во Член 1 Став 10 од Преспанскиот Договор.

Ова буквално значи дека свидетелствата и дипломите требаше да станат „северни“ најдоцна 5 години по отворањето на поглавјето 26 кое се однесува на образованието и културата но тие се веќе сменети.

Денарите треба да ја добијат придавката по отворањето на поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната политика, но Народната Банка веќе склучи договор за печатење нови 10 и 500 денарки со новото име.

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.