Торбата, прстенот или некој друг додаток, барем кога станува збор за англиската кралица, не се само украси и модни додатоци, туку играат и многу важна улога.
Таа на своите следбеници им дава сигнали и упатства да го направат она што таа сака.
Кралицата Елизабета речиси секогаш носи торба со долга рачка, како би можела да ја стави преку левата рака, за да не и смета додека се ракува. Се до неодамна нејзината торба беше во црна боја, а последниве неколку години тоа се промени,па таа на различни настани присуствува со торба во различна боја.
Бојата на торбата е секогаш во склад со кутијата за очилата, која секогаш ја носи во торбата.
Сепак, ако кралицата подолго разговара со некој човек, треба да се посвети внимание на нејзината торба. Во моментот кога ќе ја префрли торбата од една во друга рака, тоа е знак за оние кои ја следат да му постават крај на тој разговор.
Сигналот со торбата го прави и на различни настани. Кога ќе ја остави својата торба на маса, тоа значи дека преостанале уште само 15 минути пред да си замине.
Кралицата на левата рака носи и бурма, а кога ќе почне да ја врти околу прстот, тоа е знак дека разговорот треба да се забрза.
Исто така, на официјалните состаноци во палатата, се користи дискретно ѕвонче кое му дава знак на персоналот дека ќе треба да ја отворат вратата и да ги испратат госитите.