Тајните документи на ФБИ од неодамна станаа достапни на јавноста.
Маријан Маркул е роден во Ливно во 1909 година, а во САД се доселил во 1936 година. Државјанство добил 1944 година бидеќи две години служел во американската армија за време на Втората Светска војна.
Во извештајот пишува дека не е сигурно дали сите информации се точни, но се наведуваат и неговите тврдења дека тој е социјалист и дека сака даде информации кои би можеле да бидат важни за безбедноста на САД.
Во забелешките од состаноците на агентите на ФБИ, пишува дека Маркул ја посетил Југославија во 1953 година и дека два пати се сретнал со Тито. Првиот состанок траел околу еден час и Маркул забележал дека на Тито сите прсти на рацете му се на број.
Маркул тврди дека вистинскиот Тито го изгубил средниот прст од левата рака. Додава дека “Тито” со кој тој разговарал во 1953 година бил образован и одлично свирел клавир. Од друга страна, вистинскиот Тито бил необразован, и колку што помнел Маркул, тој не знаел да свири клавир.
Меѓу другото, Маркул тврди дека Јосип Броз бил висок околу 180 центиметри, додека овој “лажниот Тито” бил висок околку 160. Маркул исто така рекол дека човекот кој му се претставил како Тито говорел со благ руски нагласок и говорел тивко. Додека вистинскиот Тито говорел гласно и остро.