Создавачот на фејсбук, Марк Цукнеберг, на својот профил на оваа социјална мрежа постојано објавува фотографии и статуси од приватниот живот, покрај сите новости од Фејсбук и другите службени состаноци.
Но како што пренесува “Bloomberg”, за тие статуси и за водењето на профилот не е заслужен Цукнеберг, туку цел тим од луѓе кои му помагаат во пишување на статуси и говори. Тој тим има задача и да ги брише негативните коментари и останатите лоши работи од профилот.
За неговиот профил да изгледа што подобро, Цукенберг ангажирал и професионални фотографи кои го сликаат во различни ситуации. Меѓу нив е и Чарлс Омени кој ја следеше бегалската криза за “Вашнгтон Пост”.
Ф.Г.