ТАЈНАТА НА НАЈПОЗНАТАТА ХРИСТИЈАНСКА СЛИКА: Зошто пред Јуда има истурено сол и зошто апостолот Тома симболично го подига прстот

tajna-vecera-Wikipedia

“Тајната вечера” на Леонардо да Винчи е ремек дело на италјанската ренесанса. Сигурно сте ја виделе многу пати до сега, но можеби овие факти не сте ги знаеле.

Велики Четврток е празник посветен на сеќавањето на последната вечера на Исус Христос и неговите апостоли. Според преданието, Исус за време на вечерата им рекол на учениците дека еден од нив ќе го предаде и потоа заминал во Гетиманската градина каде со молитва чекал стражарите да го приведат.

Сликата “Тајната вечера” преживеала се.  Денес сликата се наоѓа во црквата Санта Марија де ла Грасија во Милано.

Иако можеби не делува така, кога ја гледаме на екраните, но “Тајната вечера” е огромна и зафаќа скоро 40 квадратни метри. Во просторијата нема други уметнички дела, иако имало во план на ѕидот да се наслика и распнувањето.

По замислата на Да Винчи, на ѕидот е прикажана кулминацијата на вечерата – моментот кога Исус открил дека некој од учениците ќе го предаде, така што на сликата се гледаат реакциите – шокот и гневот на апостолите. Истовремено, прикажано е и причестувањето, бидејќи Исус посегнува по лебот и виното кои стануваат симболи на христијанската Света тајна.

Гледано од лево кон десно Вартоломеј, Јаков и Андрија прават група од три апостоли и делуваат изненадено, а Андрија дури и исплашено. Во другата група се Јуда Искариотски, Петар и Јован. Јуда држи ќесе со сребро во десната рака, земајќи парче леб од левата страна. Петар се наведнува држејќи нож во раката, кој ја  симболизира неговата одбрана на верата и вербата во Исус. Јован изгледа како да се онесвестува.

tajna-vecera-Wikipedia-1

Третата група ја сочинуваат Тома, Јаков и Филип. Тома ја подига раката и тоа е истакнувањето на прстот со кој ќе ја допри Христовата рана за да се увери во Воскресението. Филип изгледа како да бара објаснување.

Ф.Г.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.