Таткото на Боки 13: Ме правите kpиминалец на 60 години

Во Kpивичниот суд денеска започна судењето за предметот познат како „Меѓународен сојуз“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и екс пратеничката Фросина Ременски.

На прашањето дали разбира за што е обвинет, таткото на Бојан Јовановски, Миле направи мало „шоу“ во судницата.

-Не разбирам, ништо не е точно, ме правите kpиминалец на 60 години, рече Јовановски.

Судијката му посочи дека не треба да коментира, туку треба да одговори со да или со не, по што Јовановски рече дека го разбира, но дека не чувствува вина.

Потоа Миле Јовановски бараше да објасни, но судијата му рече дека во текот на судењето ќе има можност да даде образложение.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.