Тарчуловски:”Љубе, заврши твоето во политиката…ситно броиш…уште 18 денови”

(Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски)

“Гледам дека Љубе седнат во скутот на Заев се интересира за ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Од друга страна, интересот на ВМРО-ДПМНЕ е да има ТВ дуел со оној кој што му диктира на Љубе вака да пишува, а тоа е Зоран Заев, се со цел да се дискутира за катастрофалните политиките што ги води во државата. Иако е осмислено од советниците за ПР на Заев, кои се со средно училиште, сепак е премногу.

И кога сме кај ВМРО, Љубе седнат во скутот на Заев, најмалку има право да зборува за ВМРО и да го повикува Мицкоски, затоа што на ВМРО не му треба Љубе, но очигледно му треба на Заев, кој го продаде името, свитка кичма и не му е мака за тоа. Секој ден нова трговија, и се така додека Љубе си молчи, а Заев продава.

Ете тие двајца, Љубе и Заев, може да си зборат за внатрешна и надворешна трговија и да си се восхитуваат еден на друг. Љубе да го восхитува Заев со инвестициите, а Заев да се фали со ФБ и Гугл, кои не дојдоа. И се така да си се лажат еден со друг, затоа што тоа најдобро го прават.

Црни Љубе, помина твоето време во политиката, а гледам од инвестициите ви врват само оние домашните, во 4 очи, а странските ги нема. Уште 17 дена Заев премиер, исто толку и Љубе советник”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.