Танцовото студио “New Generation” од Прилеп станаа државни прваци: Ќе ве освојат со нивната изведба и умешност (ФОТО/ВИДЕО)

Во саботата, во Скопје, се одржа Државното Првенство во модерни танци на Република Македонија М.А.М.Т, каде танцовото денс студио “New Generation” од Прилеп зеде учество и се покажаа на најдобар начин. Вкупниот биланс на прилепските артисти е 24 медали и 3 пехари.

Државното првенство се одржа во малата сала во спортскиот центар “Борис Трајковски”, а учество зедоа околу 1.600 натпреварувачи од 18 национални клубови во нашата држава.

“Можиме слободно да кажеме и сме горди дека сме најдобра група во нашата држава во STREET SHOW DANCE, каде во формација го освоивме првото место и тоа во голема конкуренција.

Со овој успех ни се отвара вратата да земеме учество на Европско натпреварување во ова категорија и да ја претставуваме МАКЕДОНИЈА…

Исто така во “Техно денс” категорија нашите помали членови го освоиа првото место. Ивана Богојевска беше прво место во соло категорија на Street Show Dance; Ана Цветаноска второ место во Electric Boogie и најголемо изненадување е успехот на Елена Апостолоска, каде во конкуренција на ХИП ХОП од 60 танчери го освои високото четврто место”, истакна Оливе Богојевски, тренер на танцовата група “New Generation”.

Прилеп треба да се гордее затоа што за прв пат од нашиот град токму Богојевски, беше и национален судија на ова Државно првенство М.А.М.Т.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.