Танцовата група New Generation од Прилеп настапи на првото Европско првенство и одично се претставија (ФОТО)

Прилепската танцова група “New Generation” за прв пат учествуваше на Европско првенство во Street dance и Хип-Хоп кое се одржуваше во спортската сала “Јане Сандански” во Скопје.

Европското првенство се одржа од 7 до 11 ноември, а салата “Јане Сандански” беше денс сцена каде беа присутни најдобрите танцови групи од Европа.

Aлександра Стојаноска во Street dance беше во финале каде го освои високото осмо место. Покрај Александра учество на зеде и Ивана Богојевска.

На 10-ти ноември се одржа и натпреварот “Dance Off Skopje”, каде New Generation се прикажа во одлично светло, освојувајќи ги следните резултати:

Прво место во техно денс, четврто место во street dance, а Mилена Јованоска, Елена Димовска, Ивана Богојевска и Александра Стојаноска во соло street dance освоија трети места.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.