Собранието вечерва го верификуваше мандатот на пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој доаѓа на местото на Љупчо Николовски кој пак треба да биде дел од новата влада како вицепремиер за бopба пpoтив коpyпциjaта.
На нова седница е констатирана и оставката на Радмила Шекеринска, која исто така ќе биде во новата влада како министер за одбрана. Повторно, ќе се чека информација од Државната изборна комисија за името на новиот пратеник кој треба да дојде на местото на Шекеринска по што ќе биде верификуван неговиот мандат.
На седниците за верификација на мандатите не присуствуваат пратениците од опозицијата бидејќи според нив постапката е неделовничка, а верифиакцијата се врши врз основа на извештај на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а не по предлог на Верификационата комисија.
Претходно, Собранието ја констатираше оставката на мандатарот Зоран Заев.
Истата постапка за верификација на мандатите ќе се примени и за останатите пратеници кои треба да бидат дел од новата влада.