Благој Шаклевски од Битола им реплицира на релативизаторите на социјалните мрежи што го оправдуваат брусењето на сонцето од Кутлеш од шахтите поради Преспански договор.
„Пошто гледам прикаски од типот
– па шахтите и онака кич биле,
– па на *Сонцето не му било местото таму на шахта …
Еве неколку шахти од Лондон (главно од Викторијанскиот период) чиј изглед е заштитен со закон и при реконструкција не смее да се менува. Некои денес се и целосен оригинал од пред 150 години.
Шо праеле Англичаните во зенитот на нивната империјалистичка сила со сонцето по шахти ?
А бре, толку разбираат и тие од симболи (колку Швеѓаните од право)“, напиша на Фејсбук Шаклевски, кој по името си има додадено „Македонецот“, а по презимето „Македонски“.