Тамара ги истетовира имињата на револуционерите, а денеска и Џамбазов ја “истетовира” својата “грешка” (Фото)

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов, на социјалните мрежи честопати објавува приватни фотографии, но и често знае да се пошегува и да не насмее со неговите објави.

По бројните реакции за Тамара Тодеска која ги истетовира стиховите од македонската химна откако претходно рече дека било грешка и Џамбазов објави дека и тој има „тетоважа“, или „своја грешка“.

Тој во свој стил се пошегува и на стомакот со пенкало напиша „шток“, па напиша „секој со своите гревови“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.