“Промените се тука, видливи и конкретни, пред очите на сите граѓани и пред целата јавност.Согласно одлуката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, разрешени се 78 претседатели на oпштинските огранизации на СДСМ, односно сите претседатели на општинските организации на партијата.
СДСМ се заблагодарува на сите досегашни претседатели за нивниот досегашен ангажман на локално ниво, како претставници на најголемата владејачка партија. Оваа одлука води единствено кон поправање, коригирање на слабите резултати во општините каде добивме јасен сигнал од граѓаните, и се разбира кон продолжување на добрата работа во општините каде граѓаните се задоволни.
Затоа, ги охрабруваме оние претседатели на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите, повторно да се кандидираат на новиот конкурс што ќе биде објавен во текот на идната недела”, истакна на вчерашната прес конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.