Талентираниот Давид Јоноски од ППК “Младост96” – Прилеп го освои третото место на мастерсот во Берово

Викендов во Берово започнаа мастерс турнирите во организација на ППФМ. Прв на распоред беше мастерсот до 12 години, на кое учество зедоа и пингпонгарите на ППК Младост96 од Прилеп.

Упешен настап имаше талентираниот Давид Јоноски, кој ја продолжи низата на освојување на медали во младите категории, освојуваќи го третото место и бронзениот медал.

Јоноски беше втор во групата, каде постигна една победа и еден пораз, од освојувачот на турнирот Љупче Треновски, со резултат 3-1.

Во 1/4 финале Јоноски играше со Леонид Гидалов, каде извојува победа од 3-2. Во полуфиналето беше поразен од играчот на Берово Кристијан Каламадевски со резyлтат 3-0.

Во женска конкуренција свој прв настап имаше и Мила Гулеска, која не успеа да ја помини групата.

Одлична организација на ППК Берово. Наредната недела исто во Берово, ќе се одржи мастерсот до 15 години, на кој ќе учествуваат поголем број на пингпонгари од ППК Младост96.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.