Талентираниот голман на РК Прилеп кариерата ја продолжува во Партизан: Во Белград на него гледаат како голема иднина

Српски Партизан донесе големо засилување за завршницата од сезоната. Црно-белиот ракометен дрес ќе го носи младиот голман од Прилеп, Стефан Христоски.

Се работи за 20-годишен талентиран голман кој до скоро беше дел од редовите на РК Прилеп, а во Белград на него се гледа како иднина за голот на Партизан.

Христоски веќе започна со тренинзи со црно-белите и според информациите потпишал договор до јуни 2025 година. Младиот голман од Прилеп веќе е регистриран да настапува во српската Супер лига, како и во СЕХА лигата.

Во својата досегашна кариера, Христоски освен за Прилеп, бранеше кратко и за РК Охрид.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.