Талевски: 3а три години за Прилеп направивме многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за три мандати

„СДСМ за три години направи„ многу повеќе за Прилеп, отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години“, подвлече пратеникот на СДСМ, Миле Талески на вчерашната партиска трибина во градот. Тој додаде дека се реализирани голем број капитални инвестиции во Прилеп, особено во инфраструктурата.

-Кај ТИРЗ Прилеп, изградивме клучка. Капитална инвестиција, која заедно со другите инвестиции во Зоната, изнесува 6 милиони евра. Со нејзината изградба, ја подобривме безбедноста на сите учесници во сообраќајот на тој потег, а секако допринесовме и за побезбеден транспорт на стоки и услуги, обезбедивме услови за нови инвестиции во зоната и нови работни места. Реконструиравме околу 16 километри од Регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола. Тоа прва негова реконструкција откако е изграден во далечната1964/65 година. Поставен е нов асфалт, нови банкини, нова сигнализација, изјави Талески.

Тој потсети и на рехабилитацијата на патот до Прилепското езеро, патот за Мариово, но и изградбата на патот од Волково преку Прилепец до манастирот „Св.Никола“, каде е поставен асфалт во должина 5.5 километри, при што е подобрена пристапноста до овој духовен храм.

-Примарната гасоводна линија веќе поминува покрај Прилеп. Наскоро, согласно предвидената динамика, ќе стартува и секундарна гасификација на градот. Реконструирани се улици во сите делови на Прилеп и населените места. Се реконструира водоводната и канализационата мрежа и се гради нова секаде кадешто нема. Заради сето ова, најодговорно тврдам дека за 3 години изградивме повеќе, отколку ДПМНЕ во три мандата, заклучи Талески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.