Тажна исповед на српската пејачка: Џабе ми е шо имам милиони, кога немам деца (ФОТО)

Српската пејачка Бранка Соврлиќ која има 65 години за време на својата кариера стекнала големо богатство, но искрено признава дека жали за тоа што не се остварила како мајка.

Бранка и нејзиниот сопруг поседуваат неколку луксузни станови во Белград и Сараево, како и ресторан, но материјалниот статус не може да им ја надомести тагата поради тоа што немаат деца.

View this post on Instagram

Kod kuće #brankasovrlic #sarajevo

A post shared by Branka Sovrlic (@branka_sovrlic) on

-Паја, односно Садик Пашиќ, мојот сопруг и јас, стекнавме многу. Без лажна скромностт, ние сме милионери, но би сакала да имам многу помалку, а Бог, односно таа виша сила, судбината, да ни подареше деца, односно барем едно дете. Вака некој би рекол џабе ни е се. Едноставно немавме среќа во совршениот брак со многу љубов и разбирање да станеме и родители. Бог изгледа не дава се, раскажала пејачката.

Бранка, инаку својот сопруг го запознала на еден од своите настапи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.