Најстарата ќерка на Владимир Путин, Мариа Воронцова започнува проект за лечење на paк во вредност од 634 милиони долари, во медицински центар сместен во близина на Санкт Петербург.
Компанијата “Номенко” каде косопственик е Мариа, е основана во јануари 2019 година. Центарот на компанијата ќе биде опремен со најсовремена технологија за третирање на канцер.
Центарот ќе биде со големина од 200.000 метри квадратни и ќе може да прими 20.000 пациенти, како и да извршува 10.000 операции годишно. Во склоп на центарот ќе има центар за онкологија, мултидисциплинарна клиника, центар за рехабилитација, како и комплекс за едукација и нуклеарна медицина.
Центарот се очекува да биде отворен во 2021 година.