Протестите на тутунопроизводители незадоволени од просечната откупна цена, продолжија и денеска во Прилеп.
Голем број производители на македонското жолто злато од општинската зграда се упатија пред Тутунскиот Комбинат, каде ги повторија барањата од вчера.
Тие бараат комбинатот и другите откупувачи реално да го ценат тутунот и велат дека производството воопшто не е полошо од тоа од минатата година.
Тутунарите велат дека не ги интересира политика и дека зад нив не стои ниту една политичка партија, туку дека си го бараат она што им приѓа – реално вреднување на нивниот труд и мака.
Тие повикаа на итна средба со властите и најавија нов протест во среда и блокирање на патниот правец кон Плетвар.
Протести денеска имаше и во неколку други градови низ државата.