Прилеп има потенцијал за снимање на хорор филмови. Локации колку сакаш, а како најпогодна за снимањето на идно продолжение од хорор филмот “Тhe Nun”, кој со нетрпение го очекува целиот свет, прилепчани го предложија градскиот стадион “Гоце Делчев”.
За жал фудбалскиот храм во Прилеп е како измислена локација за снимање на хорор филмови.
Политичките препукувања и обвинувања од сегашната власт, останаа во архивите, а работата околу стадионот никако да започне и после речиси една година откако ја презедоа власта во Прилеп.