Старото заразно одделение во дворот на прилепската општа болница “Борка Талески” кое денеска не е во функција е претворено во опасно наркоманско дувло, објавија граѓани на социјалните мрежи.
Според она што го пишуваат прилепчани, одделението кое е веднаш до болницата, е опасно место да се помине покрај него, особено во ноќните часови.
Откако ја објавивме информацијата, до нас стигнаа и видеа од внатрешноста на објектот, при што се гледа дека местото и внатре е полно со шприцеви, расфралани опаковки од лекови (диазепам и метадон), а се гледа и дека внатре се палело и оган.