Суперталентираниот голман од Прилеп следната сезона ќе го брани голот на чаирчани

По неколкугодишните одлични изданија во различни екипи, младиот голман од Прилеп, Иван Николоски, се приклучи на поранешниот шампион на Македонија – екипата на Шкупи.

22-годишниот македонски голман на чаирчани им се приклучува со меѓународно искуство како поранешен член на младинската репрезентација У21.

Николоски е син на поранешниот репрезентативен голман Јане Николоски, а од Шкупи велат дека носи сигурност и квалитет меѓу стативите.

Во својата кариера Николоски беше дел од албански Поградец, Победа, Саса, Беласица, Воска Спорт, Силекс, Брегалница, Работнички и Дрита.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.