Суперкомпјутер го бележел секој потег на Меси и Роналдо и открива кој од нив е подобар

Леонел Меси речиси е двојно подобар од Кристијано Роналдо, така барем тврди суперкомпјутер развиен од страна на научници од Леувен универзитетот.

Белгиските научници заедно со компанијата „СциСпортс“ користеле алгоритам кој го бележи секој потег кој играчите го имале со топката за време на натпреварите во лигата од 2013 до 2018 година.

Компјутерот го бележи секое додавање, центаршут, лизгачки старт, или било што друго.

Секој потег добивал одредени поени во однос на тоа колку шансите биле поголеми или помали за давање гол.

Вкупниот број поени потоа е собиран и напрвен е просек во однос на сите одиграни натпревари.

Крајниот резултат – Меси на крајот имал просечен резултат од 1,21, додека Кристијано Роналдо имал резултат кој изнесува 0,61.

Со други зборови, судејќи по суперкомпјутерот, Меси е двојно подобар (покорисен за давање голови) од Кристијано Роналдо.

Извор: “Pressingtv.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.