39-годишната прилепчанка Марина Гулевска пред 12 години имала кpваpeње во мозокот по што целата нејзина лева страна од телото и ocтанала пapaлизиpaна. Со текот на годините cocтojбата малку се подобрила, но сепак недоволно за да може таа нормално да се движи и да биде работоспособна. Марина е самохрана мајка на 16 годишен син.
Благодарение на хуманите граѓани, Марина беше на лекување во соседна Србија. Благодарение на стручниот медицински тим, здравјето значително и’ се подобри.
Но, лекувањето мораше да го прекине поради недостаток на парични средства. Сега одново секој денар е добредојден, бидејќи Марина мора што поскоро да замине на роботна терапија. За терапијата се потребни 9000 евра, сума која мораме и можеме да ја собереме.
Во допис за нашиот портал вели дека со нетрпение ја очекува паричната помош од хуманите граѓани и дека се надева дека одново ќе и’ се излезе во пресрет.
Донирајте со повик на телефонскиот број: 143-479 – за корисниците на А1
или на трансакциската сметка: 210-7000006615/79
Сите нашинци од дијаспората можат да донираат на IBAN сметката на Марина.