Судир меѓу активистите и градежниците на Водно: Легнавме пред багер, шефот му нареди на работникот да нѐ помине (ВИДЕО)

Градежните активности на Водно за изградба на гасовод низ планината продолжуваат и покрај реакциите на голем дел од јавноста. Граѓаните во голем број застанаа во одбрана на планината и побараа да се прекине со изградбата, но власта по секоја цена продолжува со градежните активностите. Денеска на Водно дојде до судир меѓу активистите и градежниците.

-Горе на Водно се случува вистинска драма!!! Багерите утрово тргнале да ги газат активистите кои со ЖИВ ШТИТ ја бранат планината! (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на “Топилница”). Повикана е полиција, но изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите. Потребно е физичко присуство на лице-место! Ако има доброволци, нека се упатат веднаш накај “местото на злосторството”, пишува универзитетскиот професор Димитар Апасиев на Фејсбук.

-На ТВ Алфа не ѝ даваат да одат горе и снимат, Град Скопје не пуштаат. Рампата останува спуштена, пишуваат од граѓанската иницијатива Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно на ФБ.

-Легнавме пред багер, шефот на оваа турлитава му нареди на работникот да не помине. Срамота е што сѐ ќе направат за парите, пишува еден од активистите кој е дел од живиот ѕид на Водно на својот Фејсбук профил.

 

Инаку, активистите од „Го сакам Водно“ веќе некое време ги повикуваат на јавна дебата директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот за животна средина и просторно планирање. Првиот Бајрам Реџепи за Курир кажа дека засега не ја прифаќа поканата, од кај градоначалникот Петре Шилегов само молк, додека заменик министерот Јани Макрадули кажа дека ја прифаќа поканата. Повеќе околу ова ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.