Сугарески се заблагодари, но не кажа во која држава бил министер – Веројатно мисли за Македонија…

Фејсбук статус на Министерот во заминување, Горан Сугарески

“Имав огромна чест и одговорност да ја вршам функцијата министер за транспорт и врски во политичката и техничка Влада во изминативе три години. Се гордеам што бев активен и непосреден учесник во процесите за создавање нови вредности и перспективи за нашата држава.

Со силна посветеност, чесност и транспарентност работев во изминатиот период и верувам дека таквата работа остави белег во ресорот што го водев. Ги реализиравме историски најголемите инвестиции во патната и комуналната инфраструктура, во гасификацијата, во станбено- социјалната политика.

Помогнавме на голем број на граѓани и го подобриме нивниот живот и тоа беше мотивот што ме водеше секој изминат ден.

Нема подобар стимул од тоа кога ќе видите задоволни жители на еден град, на село или населба од изграден пат, канализација или водовод или некој друг значаен проект со кој сме го олесниле нивното живеење. Тоа беше наградата за мене.

Благодарност за укажаната чест да бидам Министер во Влада и во Министерството кое реализира голем дел од капиталните проекти а сакам да изразам и јавна благодарност до вработените од Министерството за транспорт и врски за соработката и поддршката што ми ја дадоа.

Развојот на нашата земја не застанува, има многу проекти кои треба допрва да се работат и уверен сум дека идниот министер Благој Бочварски исто така силно и посветено ќе продолжи со реализација на сите тие крупни капитални проекти во министерството.

Нашата визија за силна европска држава не застанува, напротив сега сме уште повеќе мотивирани да го продолжиме патот на просперитетот за сите граѓани…..”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.