-Се чудам зошто Груевски уште те држи во владата. Ти си директен виновник што во Прилеп има 40 отсто невработеност. Осум години земаш плата, а не работиш ништо. Бројките се јасни, нула странски инвестиции во Прилеп. Ти Веле Самак го мразиш Прилеп – вака зборуваше од собраниската говорница Горан Сугарески за неговиот сограѓанин Веле Самак пред 7 години.
Видеото стана актуелно вчера, откако беше објавено дека поранешниот министер за странски инвестиции, Веле Самак од Прилеп, е во тимот на советници на актуелниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Во технолошко-индустриската зона Алинци во близина на Прилеп денеска функционираат и успешно работат три странски инвестиции, донесени од претходната влада во која министер беше токму Веле Самак.