Сугарески: “Покажавме како се гради во државата, како се реализираат капитални инвестиции и не запираме”

-Ако оваа Влада покажа како се гради во државата, тоа најубаво може да види за експресниот пат Штип-Радовиш. Изградбата на овој експресен пат е пример како треба да се реализираат капиталните инвестиции во државата, пишува на Фејсбук страната на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Динимиката на изградба е одлична и очекуваме да биде завршен и пред рокот предвиден за тоа, во 2021 година. Со изградбата на овој експресен пат ќе го подигнеме животниот стандард на преку 170 илјади жители на Југоисточниот регион и околу 12.000 фирми кои дејствуваат во овој регион. Продолжуваме…..




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.