Сугарески пиша што е патриотизам во денешно време – Се согласувате ли вие?

Фејсбук статус на поранешниот пратеник, министер и директор на царина, Горан Сугарески

Во денешно време, патриотизмот се мери според она што сме го направиле за државата, за општината, за средината во која сме растеле и сме се граделе како личности. Притоа, со право, со посебен аршин се вага она што зад себе го оставиле најповиканите за тоа, оние чија визија и посветеност кон работата во голема мера ја одредува иднината на граѓаните – политичарите.

Како некој кој бил дел од извршната власт во време кога и локалната власт во Прилеп била во рацете на СДСМ, ќе потсетам на дел од проектите кои со државни и општински пари беа реализирани на територијата на општина Прилеп:

• Изградба на клучка кај ТИРЗ „Прилеп“, вредност: 4.000.000 евра;
• Ревитализација на трансформаторска станица „Прилеп 1“, вредност: 1.100.000 евра;
• Реконструкција на стариот регионален пат Прилеп-Тополчани-Битола, вредност: 1.000.000 евра;
• Изградба на спортско-рекреативен комплекс кај Прилепското вештачко езеро, вредност: 850.000 евра, кој пропаѓа заради негрижата на локалните власти;
• Реконструкција на патот Прилеп – Вештачко езеро, вредност: 680.000 евра
• Изградба на патот Волково – Прилепец – манастир „Св.Никола“, вредност 500.000 евра – пишува меѓудругото Сугарески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.